Уште два дена до Уличната трка во трчање на 5 километри во Крушево во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево 8-ми септември

Сподели го ова:




На 4-ти септември во Крушево ќе се одржи улична трка во трчање на 5 километри во знак на одбележување на Денот на независноста и Денот на ослободување на Крушево 8-ми септември.Трката е во организација на Центар за хумани односи во рамки на проектот „Младински активизам за еко туризам“ со финансиска поддршка на Агенција за млади и спорт и во партнерство со општина Крушево.Засега се пријавени повеќе  учесници, а останатите заинтересирани можат да се пријават на www.smartrace.club. За подобра и поуспешна организација пред неколку дена беше одржана средба помеѓу Градоначалникот на Крушево, организаторите и претставниците од угостителскиот сектор. На средбата угостителите се согласија за поддршка на настанот, односно угостителите ќе овозможат бесплатен престој, храна, пијалоци и слично на најдобрите натпреварувачи во машка и женска конкуренција.





Сподели го ова:

Слични објави