УНДП и Германската амбасада донираа компјутерска опрема за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

Сподели го ова:


Денеска во МВР во присуство на претставници на министерството, како и во присуство на постојаната претставничка на УНДП Нарине Сахакјан и заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија, Ото Граф ја промовираа новата компјутерска опрема која ќе овозможи поефикасно следење и контрола на малото и лесно оружје во државата. Опремата се состои од 74 компјутери, 52 принтери и 50 скенери, кои ќе бидат распоредени во Секторите за внатрешни работи и полициските станици, со цел непречено и поефикасно функционирање на информацискиот систем на МВР. Донацијата се реализира како дел од проектот „Подобрување на националните пракси за контрола на мало и лесно оружје и градење на отпорни заедници“, кој УНДП го имплементира со финансиска поддршка на Германската амбасада во Скопје.„Главната цел на проектот е да се намали злоупотребата на малото и лесно оружје како една од најчестите причини за вооружените инциденти во државата. Донацијата на оваа опрема е само еден сегмент од целокупниот проект, кој ќе го надгради информацискиот систем на МВР, а преку развој и имплементација на Полициски информациски систем ќе обезбеди дигитализација и унапредување на оперативните процеси и ќе ја забрза институционалната размена на информации. Полицијата добива нова и ефикасна алатка во борбата против нелегалната трговија и незаконското поседување мало и лесно оружје, во насока на заложбите за унапредување на безбедноста во државата“, изјави Нарине Сахакјан, постојана претставничка на УНДП.„Целосната и успешна имплементација на иницијативата Патоказ за контрола на мало и лесно оружје, која произлегува од Берлинскиот процес, е исклучително важна за зголемување на контролата на мало и лесно оружје и на безбедноста на граѓаните во сите земји од Западен Балкан, вклучувајќи и ја Република Северна Македонија“, рече Ото Граф, Заменик амабасадор на Сојузна Република Германија во Скопје.УНДП го реализира овој проект како дел од регионалната иницијатива „Патоказ за контрола на мало и лесно оружје“ чија основна цел е да се воспостави систем на контрола на малото и лесно оружје во земјите од Западен Балкан, согласно европските и меѓународните стандарди. 





Сподели го ова:

Слични објави