Украдено е оружје од Прилепски “Еурокомпозит”

Сподели го ова:




Во вторникот на 05.10.2021 година во П.С.Прилеп пријавен е случај за кражба, врз основа на кој случај наведено е дека во периодот од 03.10.2021 до 05.10.2021 година,  непознат сторител преку употреба на сила влегол во фабриката која се наоѓа на ул. “Александар Македонски”-скоро на излезот од самиот град . Непознатот сторител со помош на подесен алат влегол во неколку простории на самата фабрика, при што одзел неколку предмети, меѓу кои и оружје. Веднаш после пријавата, увид на лице место е извршена од страна на ОВР-Прилеп. Моментално се преземаат конкретни мерки за пронаоѓање на лицето кое на сила упаднало во Прилепски “Еурокомпозит”.





Сподели го ова:

Слични објави