Училиштата во Битола се целосно подготвени за да ги пречекаат учениците во новата учебна година
Во сите училишта во Битола, се создадени сите неопходни услови за успешен почеток и тек на наставата во новата учебна година, која започнува овој понеделник, 01.09.2025 година. Битолските училишта се целосно подготвени за да ги пречекаат учениците во новата учебна година.
Оваа учебната година ќе започне со надеж за остварување на високи образовни резултати како од страна на наставниците, така и од страна на учениците, а целта е исто така да се обезбеди квалитетна настава за учениците. За учениците, нема подобра алтернатива од настава во училница, бидејќи само така ќе стекнат повеќе и поквалитетни знаења, а интеракцијата со врсниците и со наставниците е од големо значење за нивната социјализација и правилен психофизички раст и развој.
