Училиштата се подготвени за имплементација на образовните реформи во прво и четврто одделение од идната недела, но и за настава со физичко присуство

Сподели го ова:


Како што изјавува министерката Царовска на нејзината официјална страна на Facebook, “училиштата се подготвени за имплементација на образовните реформи во прво и четврто одделение од идната недела, но и за настава со физичко присуство. Денеска со градоначалникот Илија Јованоски, го посетив ОУ “Кире Гавриловски-Јане” на Прилеп, каде имавме можност да ги видиме новите дидактички и нагледно средства и интерактивни табли. Во тек е испораката и на учебниците во деветолетките, како и целосно новите материјали за учење, пишувани по новата Концепција.Годинава имаме 1 милијарда денари кои се наменети за подобрување на инфраструктурните услови, што споредбено со ланските средства е зголемување за 2,5 пати. МОН продолжува со силни вложувања во образованието овозможувајќи рамномерен развој и квалитетно образование за секое дете”-напиша Цароска на Facebook.





Сподели го ова:

Слични објави