Убавина! 1200 ученици од Прилеп го формираа Македонското знаме

Сподели го ова:





























ГОРДИ НА ТРАДИЦИЈАТА!

И оваа година, по трет пат откако ја возобновивме оваа прекрасна традиција, учениците од прилепските основни и средни училишта го формираа македонското знаме во центарот на градот, симбол на љубовта, единството и гордоста кон нашата татковина.

Овој впечатлив настан со над 1200 учесници, е дел од богатата програма со која Прилеп го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, празник кој е длабоко врежан во нашето историско и општествено битие.

Благодарност до сите ученици, наставници и училишта кои со својата енергија и посветеност придонесуваат да ја негуваме оваа традиција и да ја чуваме љубовта кон татковината од најмлада возраст.




Сподели го ова:

Слични објави