Убавина! 1200 ученици од Прилеп го формираа Македонското знаме
ГОРДИ НА ТРАДИЦИЈАТА!
Овој впечатлив настан со над 1200 учесници, е дел од богатата програма со која Прилеп го одбележува 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, празник кој е длабоко врежан во нашето историско и општествено битие.
Благодарност до сите ученици, наставници и училишта кои со својата енергија и посветеност придонесуваат да ја негуваме оваа традиција и да ја чуваме љубовта кон татковината од најмлада возраст.
