Убава вест за битолчани и прилепчани! Првиот дел од автопатот Битола – Прилеп ќе биде завршен наредната година
Очекувам, првиот дел од автопатот од Прилеп до Битола, да го пуштиме во сообраќај веќе следната година – истакна министерот за транспорт Александар Николоски.
Николоски исто така соопшти дека вкупно 17 километри од патот Прилеп – Битола, ќе бидат пуштени во сообраќај следната година, а исто така потенцираше дека до втората половина на 2027 година автопатот ќе биде целосно завршен.
