Уапсен е битолчанецот кој со пиштол се обиде да ограби канцеларија за кредитирање
СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ.(36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело “разбојништво во обид”. На 16.05.2026 во 01:00 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.Ѓ. и при извршен претрес со Наредба од основен суд Битола во неговиот дом бил пронајден и одземен пиштол. Според пријавеното, истиот на 30.04.2026 во 18:10 часот во канцеларија за кредитирање лоцирана на ул. „Столарска” во Битола се обидел да изврши разбојништво со закана со огнено оружје , но не успеал и се дал во бегство – информира МВР.
