Турист од Србија по скокот во Охридското езеро-починал врз основа на здобиените повреди

Сподели го ова:


Турист од Србија по скокот во Охридското езеро-починал врз основа на здобиените повреди. Станува збор за 26 годишен српски турист, кој што за време на својот летен одмор престојувал во Охрид. Овој 26-годишник од Србија  кој за време на летниот одмор дошол во Охрид, направил скок во езерото, при што веднаш се здобил со повреди на рбетниот мозок. Имено, српскиот турист скокнал на глава од скокалница која што била поставена во Охридското езерото, меѓутоа во тој дел од плажата водата била плитка, па врз основа на тоа удрил со главата на самото езерско дно. Српскиот турист цели 12 дена бил хоспитализиран во Скопје, меѓутоа вчера на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, подлегнал на повредите и починал.





Сподели го ова:

Слични објави