Тргнале на концертот на Ацo Пејовиќ во Кавадарци и направиле сообраќајка??

Сподели го ова:






























Во јавноста постојано кружи информација за лицата кои што брзајќи за да навреме стигнат на концертот на Ацo Пејовиќ во Кавадарци, направиле сообраќајна незгода во Неготино, каде едно лице веднаш било пренесено во болница.

Меѓутоа, ова засега се непотврдени информации. Она што е официјално потврдено, е информацијата објавена од МВР во која се вели:

“На 08.09.2024 во 20.45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците „Индустриска“ и „Маршал Тито“ во Неготино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Виница и мотоцикл „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино” – информира МВР.




Сподели го ова:

Слични објави