Трет Национален совет за развој, на кој се разгледа долгорочниот развој на Македонија
Денеска се одржа третиот Национален совет за развој, на кој се разгледаа клучни прашања поврзани со долгорочниот развој на Македонија. Националната развојна стратегија 2024–2044, која беше усвоена од Владата и Собранието, поставува јасни насоки за напредок во економијата, општествената стабилност, зелена транзиција и иновациите.
Советот продолжува со напорите за спроведување на оваа стратегија, со акцент на соработка со меѓународната заедница и мобилизирање на ресурси за успешна имплементација. Веќе започнатите проекти и иницијативи ќе продолжат со континуиран мониторинг и целосна транспарентност.
