Типична ЗИМА, е ако насекаде снег ИМА – нели? Викендов нов снег и голема снежна покривка насекаде низ Македонија
Нашата земја ќе потпадне под влијание на голем влажен бран кој ќе донесе снег насекаде низ цела Македонија. Овој викенд, очекувајте продор на многу поладен воздух од север, кој ќе започне од сабота вечерта, и ќе придонесе формирање на снежна покривка во сите градови и села ширум Македонија.
Што се однесува пак до снежната покривка, таа ќе биде со висина од 15 до 20 сантиметри во градовите, додека пак на Скијачките центри се очекува новиот снег да направи снежна покривка со висина од 60 сантиметри.
