Тие се наша прилепска гордост! 60 учесници на годинешниот “Пијано маратон”во организација на Музичкото училиште во Прилеп

Сподели го ова:





























Денес, на Светскиот ден на пијаното, со голема радост го проследивме пијано маратонoт во организација на основното музичко училиште Ордан Михајлоски-Оцка – настан кој го слави трудот, талентот и посветеноста на младите музичари!

Светскиот ден на пијаното го одбележавме со успешен пијано маратон! Денес, 60 ученици од нашето училиште се претставија со своите изведби, покажувајќи талент, посветеност и љубов кон музиката. Честитки до сите учесници за одличните настапи! – порача директорката на музичкото училиште во Прилеп, Мартина Пашоска.

Локалната самоуправа и понатаму ќе биде ваш силен поддржувач, затоа што само заедно можеме да ги подобруваме условите за учење и да им овозможиме на овие талентирани деца да ја развиваат својата музичка дарба. Продолжуваме да создаваме можности за уметноста да живее во Прилеп! – нагласи прилепскиот градоначалник Борче Јовчески.




Сподели го ова:

Слични објави