Тешко повредени две жени во сообраќајка на патот кон вештачкото езеро “Младост”

Сподели го ова:




Доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, се преврти автомобил кој се движел кон езеро ,,Младост”, па како резултат на ова тешко биле повредени две женски лица. На лице место, увид е извршен од страна на екипа на СВР Велес. Во однос на повредите, едното лице се здобило со повреди на еден горен и двата долни екстремитети, додека пак другото лице се здобило со повреди на десен и лев долен екстремитет. Врз основа на тешките повреди, двете повредени лица итно се однесени на хирушкиот оддел во болницата во Велес, за понатамошно лекување.





Сподели го ова:

Слични објави