“Тепачка за билети” во Прилеп за премиерата на најновата урнебесна комедија од “Солза и смеа” насловенa како “Чорапи”

Сподели го ова:































“Весел театар by BALADA” ви го претставува најновото комично шоу на “Солза и смеа” кои доаѓаат во Прилеп на 27.11.2025 во големата сала во НУЦК Марко Цепенков, каде ПРЕМИЕРНО пред прилепчани ќе ја изведат нивната најнова претстава “Чорапи”. Овој месец популарните тв ликови од “Солза и смеа” ја започнаа својата голема турнеја во над 10 градови во Македонија – и тоа во зголемен, проширен состав со нивната најнова урнебесна комедија, каде ги полнат салите до последното место! Во Прилеп доаѓаат на 27.11.2025 година, а комичното шоу е закажано за во 20h во НУЦК “Марко Цепенков, сала која исто како и минатите години, ќе биде претесна за да ги собере сите прилепчани кои ќе уживаат во смеата на овие добро познати комични ликови.

Нашата информативна екипа постојано ги следи нивните настапи во градовите низ Македонија, па можеме со сигурност да кажеме дека каде и да се појават постои огромен интерес за овие популарни ликови. Побрзајте, билети може да си купите во Кафетерија- Кафе ИН во Прилеп по цена од 250 и 300 денари.




Сподели го ова:

Слични објави