“STANICA.MK” во Крушево: ВО ГРАДОТ НА ТОШЕ ПРИСТИГНАА МАРАТОНЦИТЕ КОИ СЕКОЈА ГОДИНА ТРЧААТ ВО НЕГОВА ЧЕСТ

Сподели го ова:























Ултрамаратонците како и секоја година, така и денес 16 октомври, пристигнаа во Крушево на Гумење. Истите беа искрено пречекани од страна на крушевчани и поддржувачите на ликот и делото на Тоше, при што веднаш потоа ултрамаратонците оддадоа почит на вечното почивалиште на Тодор Тоше Проески- кој пред се беше човек кој знаеше сите да ги обедини, а потоа пејач, музичар, уметник и хуманитарец.

Пред неколку денови во Хрватска кај Нова Градишка, ултрамаратонците го започнаа маратонот кој денеска го завршија до крајната цел, до Крушево на Гумење. Маратонците од страна на крушевчани и од обожавателите на Тоше беа пречекани со аплауз и црвени рози.

Денеска во Крушево се потсеќа на него, на ангелот со ангелски глас кој што одлета високо на небото, онаму каде што и всушност припаѓаат ангелите.

НЕДОСТИГАШ ТОШЕ!!!



Сподели го ова:

Слични објави