STANICA.MK ДОЗНАВА: Заедно со бугарите, за неколку дена ќе славиме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев
Заедно со бугарите, за неколку дена ќе славиме 150 години од раѓањето на Гоце Делчев. Заедничкото одбележување на празникот ќе се случи на 4 февруари на денот на раѓањето на Гоце Делчев. Оваа вест ја потврди и бугарскиот премиер Петков преку денешното свое излагање на денешната седница на бугарското Собрание на која пред бугарските пратеници информираше за резултатите од меѓусебните посети на политичките делегации од Македонија и Бугарија. “Димитар Ковачевски е премиер на Македонија една недела и четири од тие осум дена ги помина со бугарската влада“. Ова укажува на желба да се заврши работата. Во моментов веќе не се зборува за 5+1, само две недели подоцна ќе треба да ја смениме бројката 4+1. Тоа само по себе е напредок”, истакна Петков пред пратениците во бугарското собрание.
