Срцево денеска “од болка се пали”, а душава од бес – гори и жари! Денеска ќе бидат погребани загинатите во пожарот кој настана во кочанската дискотека
Денеска ќе биде погребот на загинатите во пожарот кој настана во кочанската дискотека. На погребот, ќе присуствува и поглаварот на МПЦ, ОА г.г Стефан, а ќе има и неколку владици од Синодот.
Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин од страна на државата, а преземено е се она што е потребно за да денес се обезбеди достоинствен погреб.
Нека почиваат во мир, души златни!
