СПОРЕД ЕУ, ОПШТИНА ПРИЛЕП Е „НАЈЗЕЛЕНА ОПШТИНА“ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2021
Во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир, заменик министерот за локална самоуправа Зоран Димитриевски, градоначалникот на Битола Тони Коњановски, пратеници, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Ниредини, денеска радоначалникот Борче Јовчески официјално ја прими наградата од ЕУ за „Најзелена општина“ во 2021 во Македонија.
Голема благодарност до сограѓаните, кои што покажаа како преку едукација за зголемување на јавната свест да го достигниме ова реноме кое што одекна во цела држава. Можеме да се пофалиме дека 40 % од селектирањето на отпадот, го вршиме тука во општина Прилеп, а остатокот е низ другите градови од Македонија. Благодарноста е до моите прилепчани, кои уште од 2 ри август 2008 та година започна проектот и сепак со надоградување во 2012 та секундарниот отпад веќе континуирано се селектира и станавме навистина пример во регионот, истакна градоначалникот Јовчески.
