Спасени нови човечки животи-Шестата по ред успешна трансплантација од починат донор

Сподели го ова:




Шестата по ред успешна трансплантација од починат донор. “Вчера неколку часа траеше трансплантацијата на срце кај 53 годишниот пациент, кој имаше тешка срцева аномалија. Сега следи критичен период на опоравување. Пациентот останува под надзор на стручниот лекарски тим на Клиниката за кардиохирургија.На клиниката за Урологија хирурзите полека ја завршуваат и трансплантацијата на бубрег кај дваесет годишната пациентка која подолг период беше на дијализа. На пациентите им посакуваме што побрзо опоравување и многу здравје. На колегите кои беа дел од овие експлантации и трансплантации на срце и бубрег, им честитам за уште еден успех. Вие пишувате историја! Изразувам незимерна благодарност за храброста, добродушноста и хуманоста на семејството на донорот”-изјави Венко Филипче. Органите се од млада пациентка со мозочна смрт и по долги разговори со семејството, самото тоа одлучи да ги донира органите.





Сподели го ова:

Слични објави