Создадени се услови за започнување на учебната година со физичко присуство

Сподели го ова:


Создадени се услови за почеток на новата учебна година со физичко присуство, оцени денеска Главниот кризен штаб, на предлог на Министерството за образование и наука. Конечната одлука за начинот на кој ќе започне новата учебна година се очекува да биде донесена утре на Владина седница.Според членовите на ГККШ во прилог на заклучокот за почеток на училишната година со физичко присуство, се големиот број на вакцинирани наставници и училиштен кадар, којшто во моментот изнесува 62%, од вкупниот број вработени во училиштата.Во насока на започнување на новата учебна година се и протоколите за заштита од Ковид- 19, за  настава со физичко присуство, кои се изработени од страна на МОН  и веќе усвоени од Комисијата за заштита од заразни болести, а се однесуваат на носење маски и редовно проветрување на просториите каде се одржува наставата.





Сподели го ова:

Слични објави