Состојбата на пожарите во Прилепско

Сподели го ова:


Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец вчера започна во 12,50 часот и имаше опасност да се прошири кон куќите од селото. На терен имаше екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваа куќите од селото. Вчера се појави пожар на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица,Општина Прилеп кој зафати голема површина, при што на терен интервенираше екипа од 7 пожарникари со 2 ПП возила. Исто така вчера во Прилепско имаше и пожар во Канатларци кој започна во 14,10 часот од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци-Општина Прилеп, и истиот беше проширен во атарот на с.Мусинци, Општина Могила. Кај овој пожар на лице место интервенираше екипа од двајца пожарникари со едно ПП возило, а исто така во гаснење на пожарот се вклучи и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.





Сподели го ова:

Слични објави