СО ПРИСУСТВО НА ПОЛИЦИЈАТА И МАЛКУ ПУБЛИКА: Која е причината што ФК Победа не успеа да победи денеска на домашен терен?
ФК Победа денеска на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, го одигра својот последен меч на свој – домашен терен.
“Бледо и неубедливо за крај на исто таквата есенска полусезона. Фудбалерите на Победа попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во натпревар од 17-тото, претпоследно коло од есенската полусезона, одираа само 0-0 во дуелот со фнерџијата на табелата Скопје. Тоа беше уште едно бледо и неубедливо издание на црвено-белите, исто како што може да се окарактеризира и генерално оваа повратничка прволигашка есен.
Гостите од Скопје организирано и дисциплинирано насочени кон остварување на желбата да не загубат си ја исполнија својата цел. А и немаа многу проблеми да стигнат до својата цел затоа што од другата страна на теренот имаа може да се каже индиспониран противник. Со игра во ширина и безброј проиггрувања главно на својата половина и на средината на теренот црвено-белите такаречи ниту еднаш посериозно не го загрозија гостинскиот гол-не упатија ниту еден удар во рамката на голот на Митев. Единствената закана ја упати Ѓурковиќ-по корнер со глава над голот и една топка во празно од Тодороски до Спиркоски(двете ситуации во вториот дел)-беше се што во офанзива сторија денес домашните фудбалери. А ако се анализираат приликите-тогаш Победа треба да биде задоволна со бод а Скопје да жали за победата зтаоа што во првиот дел Тофилоски во 2 наврати го спасуваше својот гол по обидите на Калпачки и Димов, а Настевски одблизу но откосо во 29-тата минута ја погоди страничната мрежа.
На 8 домашни натпревари есенва само 2 победи и 2 реми со 4 порази и само 6 постигнати а 14 примени голови за скромни 8 бода, со освоените скромни 4 на гостувањата-победа во Кратово и реми на Чаир, е прескромниот биланс за полусезоната за заборав. Таа ќе заврши следниот викенд со гостувањето на Брегалница во Штип, без Рамани кој ќе паузира поради 5 жолти картони” – се истакнува во официјалната Facebook група на ФК Победа-Прилеп.

