Со помош на неколку кликови на мобилен граѓаните ќе можат да добијат уверение за неосудуваност, уверение кое им е  потребно за огласи при вработување, за виза и слично

Сподели го ова:




За само неколку минути со помош на неколку кликови на мобилен телефон, граѓаните ќе можат да добијат уверение за неосудуваност, уверение кое им е  потребно за огласи при вработување, за виза, за кандидатура за избори…Триесет години граѓанинот на нашата земја за овие работи мораше физички да биде присутен на шалтерите во судовите за да се поднесе барање, па да се чека една некаде една недела, па повторно после тоа да се оди во суд да се земе и ред други пропратни процедури. Со други зборови, “потврдата за неосудуваност” и потврдата за “кривично негонење” ќе биде со помош на т.н. “кју-ар код”. Овој проект кој што е проект на Министерството за правда, ќе започне овој месец. Министерството за правда исто така отпочна еден процес на дигитализација на судовите во нашата земја со помош на која за првпат после 30 години електронски меѓусебно се поврзуваат судовите, но исто така електронски ќе бидат поврзани и судовите со МВР и со другите останати институции. На ваков начин за само 30 секунди судовите ќе можат да добијат податок од базата на друга институција или суд, па како резултат на сето ова корисникот веднаш ќе ја добие бараната потврда





Сподели го ова:

Слични објави