Со голема победа, прилепскиот одбојкараски тим ја започна новата сезона за одбојкари – ветерани
Денес започна новата, трета по ред, сезона за одбојкари – ветерани. Првиот турнир се одржа во Гевгелија, а истоимениот тим беше домаќин. Покрај нив, оваа година има уште шест тимови и тоа: Борец Велес, Тетово, Шкендија, Скопје, Струмица како и екипата на 11 Октомври од Прилеп.
Токму домаќинот Гевгелија играше против прилепчани и во цврста, убава игра победата ја однесе 11 Октомври од Прилеп со 2:1 во сетови.
Со тоа прилепчани ја продолжија традицијата на успешен старт, со надеж дека оваа година, како и првата, е достижен final four турнирот. Екипата на 11 Октомври на денешниот натправар ја претставуваа : Жарко Илиески, Теодор Ангелески, Димитар Стрезоски, Мартин Наумоски, Илија Милошевски, Александар Савиноски, Орде Цветаноски, Гоце Бурнески ,Мики Крстев и Атанас Николоски. Наредниот турнир ќе се одржи на 26.4.2026 во Тетово, а нашиот тим ќе игра против тимот на Струмица.
