Следната недела повторно ќе уживаме! Ни претстои уште еден неработен ден
Во среда, 23-ти Октомври 2024 година е Денот на Македонската револуционерна борба, при што истиот е прогласен за државен празник. Сето ова подразбира дека следната недела, повторно ќе уживаме, бидејќи ни претстои уште еден неработен ден.
Овој голем државен празник претставува значаен симбол на пожртвуваноста и истрајноста на македонскиот народ кој што непрекинато низ годините наназад, сведочи за одлучноста и нескршливата волја за слобода и независност, која се преточува низ повеќевековна борба за создавање на сопствена држава.
