Вечна слава за загинатите херои! 10 години од Диво Насеље
Денес, македонските граѓани ќе оддадат почит на загинатите македонски херои во Диво Насеље, кои својот живот го загубија на 09.05.2015.
Во долгите 28 часовни престрелки, животот го загубија припадниците на безбедносните сили – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.
Овие македонски херои оставија длабока трага давајќи ги своите животи за Македонија, во немил настан кој никогаш не смее да се повтори!
Нека му е вечна славата!
















