Синоќа во Прилеп, граѓаните преку песна ја најавија 35 годишнината од Независноста на Македонија

Сподели го ова:





























Синоќа, Прилеп беше домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Република Македонија.

На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ се претставија повеќе од 100 македонски уметници, со музика што ги обединува генерациите, песни што се дел од нашето паметење и гласови што ја раскажуваат приказната за нашата Македонија!

Синоќа беше вечер каде прилепчани заедно уживаа во она што нè поврзува, љубовта кон татковината, македонската песна, културата, традицијата и гордоста што ја носиме во себе.

Ве поканувам сите, млади и возрасни, прилепчани и гости од цела Македонија, да бидеме заедно на плоштадот и достоинствено да одбележиме 35 години независна Македонија.




Сподели го ова:

Слични објави