Синоќа во Битола свечено беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама
Синоќа свечено беше затворено 27. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола. Во изминатите денови публиката имаше можност да проследи врвни актерски остварувања од различни земји, а жирито ги додели наградите за најдобрите уметнички достигнувања.
Јано Изорија – „КВАРКВАРЕ“ (Грузија)
Театар „Поти Валеријан Гунија“
Режија: Саба Асламазишвили
Со брилијантна изведба исполнета со силен темперамент, енергија и внатрешна напнатост, актерот успеа да го задржи вниманието на публиката од првата до последната минута. Неговата игра се одликува со богатство на актерски изразни средства, креативност и елеганција, при што секој гест и интонација се во служба на целовито и длабоко уметничко изразување.
Жива Бизовичар – „ЏЕКИ“ (Македонија)
Драмски театар
Актер: Трајанка Илиева – Вељиќ
Претставата се издвојува со суптилна режисерска работа и органско водење на актерката низ различни психолошки состојби, создавајќи континуиран и веродостоен сценски тек. Прецизното градење на темпо-ритамот и внимателно изградената сценска атмосфера ја прават оваа претстава силно и интегрирано сценско доживување.
„ЏЕКИ“ – Трајанка Илиева Вељиќ
Жива Бизовичар – „ЏЕКИ“ (Македонија)
Драмски театар
Актер: Трајанка Илиева – Вељиќ
„#НОТИ“ – Романија
Театар „Тони Буландра“
Режија: Касандра Топологеану
Актер: Андреа Танасе
Современ театарски проект кој на впечатлив начин ги обединува физичкиот театар, психолошката димензија и темите на идентитетот и социјалната маска. Со силна сценска експресија и внимателно обликувани сценски елементи, претставата создава моќно и длабоко емоционално сценско искуство.
Благодарност до сите уметници, гости, соработници и до нашата верна публика која и оваа година беше срцето на фестивалот.
Се гледаме повторно следната година.
Фотографиите се превземени од ФБ страната на Општина Битола
