Синоќа, “Солза и смеа” со одличен настап на “Вино Фест” во Охрид

Сподели го ова:





























Со одлична атмосфера и голема посетеност синоќа заврши овогодинешното издание на Ohrid Wine Festival кое што траеше цели три дена. Во третата, завршна фестивалска вечер, голем број охриѓани и гости уживаа во врвните вина, а за одличната атмосфера се погрижија Солзи и Смеа, DJ Fic, Битолскиот камерен оркестар и Суперхикс.

Синоќа, “Солза и смеа” имаа одличен настап на “Вино Фест” во Охрид, каде со нивните урнебесни шеги и комични стендап настапи се забавуваа гостите од Македонија и странство, кои овој викенд беа во Охрид и уживаа во одличните вински вкусови и програма на годинешниот Ohrid Wine Festival.

Урнебесните СОЛЗА И СМЕА и летово продолжуваат да настапуваат во голем број на градови во нашата земја – односно секаде каде што за овие урнебесни тв ликови постои интерес – а интересот е навистина голем!




Сподели го ова:

Слични објави