Синоќа, прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот настап „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска

Сподели го ова:





























Вчера вечерта во Прилеп, беше отворена изложбата и мултимедијалниот настап „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска, настан што донесе силна визуелна енергија и впечатлива уметничка порака. На настанот присуствуваше и прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски, кој истакна:

Ми претставува задоволство што Прилеп продолжува да биде сцена на современи и храбри уметнички изрази. Ваквите настани ја потврдуваат живоста на нашата културна средина и значењето на поддршката на домашните уметници. Преку внимателно комбинирани визуелни елементи, „Оган“ испраќа јасна и силна порака, оставајќи простор секој посетител да го доживее делото на свој начин. Честитки до авторката за реализираниот проектистакна Проданоски.




Сподели го ова:

Слични објави