Синоќа, околу 21 часот Марко Пејчиновски повторно го преплива Охридското Езеро

Сподели го ова:





























Македонскиот херој Марко Пејчиновски од Охрид, синоќа, околу 21 часот стигна на целта и повторно го преплива Охридското Езеро. Својот предизвик Марко го започна во средата вечерта во Св. Наум, од каде трчаше до Струга, по што со велосипед се врати повторно до Св. Наум, за да веднаш по пристигнувањето во манастирскиот комплекс, тој со пливање тргна кон неговиот Охрид. Неговиот Ironman триатлон е со вкупна должина од дури 107 километри.

Целта е постигната. Ironman триатлонот е успешно завршен. 7 часа и 47 минути трчање, 2 часа и 33 минути возење велосипед и 9 часа и 29 минути пливање. Ви благодарам на сите за поддршката – истакна Марко по подвигот.




Сподели го ова:

Слични објави