Синоќа безбедно пристигнаа 30 наши државјани од Авганистан

Сподели го ова:




Синоќа, на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа 30 наши државјани,  кои што беа евакуирани од Авганистан. Овие наши граѓани кои што синоќа пристигнаа на аеродромот во Скопје, веднаш по евакуацијата од Авганистан беа сместени во воената база на САД која што се наоѓа во Доха-Катар. Од Катар беа транспортирани во Истанбул, па од Турција со комерцијален лет пристигнаа на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Станува збор за наши државјани кои работеле во воена база која што се наоѓала во близина на аеродромот во Кабул, и за среќа навремено биле извлечени.





Сподели го ова:

Слични објави