Што мислите Вие? Дали промените кои стартуваа од оваа учебна година ќе постигнат подобар ефект во знаењето на учениците?

Сподели го ова:




Родителите и старателите не треба да имаат сомнеж дека промените кои стартуваа од оваа учебна година ќе постигнат подобар ефект во знаењето на учениците-соопшти Царовска, и надополни дека: “Во тоа треба да сме сигурни, затоа што, овие промени се направени согласно препораките на УНИЦЕФ, ОЕЦД и Светска банка, а во консултација со сите засегнати чинители, со експертската јавност и најважно со наставниците кои се наши најголеми сојузници во процесот на трансформација на образовниот систем. Наставниците се мотивирани да работат по новата Концепција и наставата веќе станува поинтересна за учениците. Во успешноста на имплементацијата на реформата денеска се уверив лично при посетата на ОУ „Димо Хаџи Димов“ во Карпош. Училиштето е целосно подготвено со сите ресурси и материјали за спроведување на квалитетна и инклузивна настава”-истакна Министерката за образование. Останува да видиме дали промените кои стартуваа од оваа учебна година ќе креираат еден подобар ефект во знаењето на учениците. Што мислите Вие?





Сподели го ова:

Слични објави