Секоја чест за хероите кои непрекинато го спасуваат Мариово од пламените јазици
Пламените јазици досега во Мариово опожарија површина од над 10.000 хектари, со линија на зафатеност од над 20 километри.
На терен активно се ангажирани противпожарните единици, Армијата на Република Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, воздушната поддршка, МВР, Национални шуми, медицинските екипи, Црвен крст, месното население и доброволни противпожарни здруженија. Благодарение на нивната работа, ситуацијата е под контрола! Сите тие се нашите ХЕРОИ!
