Секоја чест! Во организација на ЈП “Национални шуми” и Противпожарен сојуз на град Скопје се спроведе кампања за заштита од пожари на отворен простор и шума

Сподели го ова:






























Во организација на Противпожарниот сојуз на град Скопје, во партнерство со јавното претпријатие “Национални шуми” и Дирекцијата за заштита и спасување, вчера на плоштад Македонија се одржа кампања под назив “Младите ги едуцираат возрасните”, за заштита од пожар на отворен простор и во шума.

Кампањата се одржува години наназад и е со едукативно-превентивен карактер, а целта на оваа јавна кампања е подигање на јавната свест кај граѓаните за значењето на шумите во еколошкиот систем и нивна заштита од шумски пожари.

На настанот учествуваа деца од повеќе скопски основни училишта кои делеа промотивни едукативни материјали и во непосреден контакт со граѓаните зборуваа на зачувување на еко-системот во природата. На кампањата присуствуваа и вработените од Сектор за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола заедно со пом.директор Игор Стојановски.

Директорот на ЈП Национални шуми проф. д-р Здравко Трајанов присуствуваше на настанот и даде изјава за медиуми.

Денес учествував во – Кампања за заштита од пожари на отворен простор и шума.’Младите ги едуцираат возрасните”.Во организација на ЈП Национални шуми и Протвпожарен сојуз на град Скопје.Учествуваа многу млади волонтери, на кои посебно им се заблагодарувам за учеството и помошта во кампањата” – истакна Генералниот директор на ЈП “Национални Шуми”, Здравко Трајанов.




Сподели го ова:

Слични објави