Секоја чест! Прилепските ученици Марин Христоски и Алексеј Мицковски под менторство на проф. Соња Јорданоска освоија ВТОРО место на големото финале на Европскиот квиз на пари
Професорите од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу” повеќе од 12 години изведуваат наставата по предметот “Иновации” во 9-тите одделение при основните училишта во Прилеп. Во текот на наставната година, професорите од ова средно прилепско училиште учествуваа на различни натпревари со учениците.
Имено, професорката Соња Јорданоска која предава економски предмети во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу”, а која исто така изведува и настава во ООУ Кире Гаврилоски – Јане, беше ментор на учениците Марин Христоски и Алексеј Мицковски од 9-то одделение при ООУ Кире Гаврилоски-Јане. Овие ученици освоија ВТОРО место на големото финале на Европскиот квиз на пари – најголемо европско натпреварување за финансиска писменост за деца на возраст од 13 до 15 години во организација на Европската банкарска федерација (EBF) кое се оджа во Брисел-Белгија.
На Европскиот квиз на парите 2025 учествуваа 73.054 ученици од 2.877 училишта од 30 земји. Шеесет ученици се квалификуваа за Европското финале во Брисел, придружувани од наставници и претставници на националните банкарски здруженија. Првите честитики за овие ученици и за нивниот ментор – професорката Соња Јорданоска, пристигнаа од директорката на СОЕПТУ “Кузман Јосифоски – Питу”, Христина Бозоска – Николоска, како и од директорката на ООУ “Кире Гаврилоски – Јане”, Снежана Шубеска.
