Секоја чест! “Авто Контрол” на првачињата им донираше сообраќајни прирачници за едукациja и воведување во сообраќајната култура
Денеска, по пат на донирање на сообраќаен прирачник на првачињата од ОУ Кочо Рацин за  едукација и воведување на сообраќајната култура, станицата за технички преглед “Авто Контрол” организираше кампања под назив “Да ги заштитиме децата во сообрaќајoт”, што е превентивна активност  на ОВР Прилеп и сообраќајната струка  СОУ Ристе Ристески Ричко.
“Целата е децата уште од најрана возраст да стекнат знаења  за основните сообраќајни правила и прописи. Децата се нашата иднина, во нив вложуваме многу љубов, енергија и средства за да можат да пораснат во здрави индивидуи кои ќе бидат корисни за себе, за своето семејство, но и за општеството во целина.
 Како општествено одговорна компанија се вклучивме во едукативна акција бидејќи животот на децата е приоритет на секој поединец. Првите форми на едукација почнуваат во семејството, а потоа во училиштето и вон училиштето, со голем број на вакви проекти и кампањи.
Сообраќајната култура е важна за безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи , туку истовремено  претставува и навика ,почитување и применување. Истовремено сакаме да апелираме до сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи,бидејќи од нашите постапки зависи и однесувањето на нашите деца. Да ги научиме децата на правилно однесување и да бидеме нивниот позитивен пример.Затоа што тие треба да растат и пораснат-безбедно! Не заборавјте,ние сме нивните идоли!” – порачуваат од Станицата за технички преглед “Авто Контрол” – Прилеп.
