Се зголемува бројот на притворање на лицата кои се бараат со потерници

Сподели го ова:




Во последниве месеци сме сведоци на апсење на голем број на лица кои се бараат со потерници во нашата земја. Последни се двата случаи кои се случија вчера и во вторникот. Имено вчера на 01.09.2021 во 09.30 часот на ул.„Ангел Димовски“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги го лишиле од слобода А.М.(35) од Скопје, кој се барал со потерница за истрага за сторено кривично дело по член 247 – „измама“ од Кривичниот законик. Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.  Исто така во вторникот на 31.08.2021 во 18.20 часот на ул.„Валандовска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Гази Баба-Отсек потраги, го лишиле од слобода Љ.Н.(58) од Скопје, кој се барал по потерница за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната 





Сподели го ова:

Слични објави