Се поголем е бројот на возачи кои возат со поголема брзина во однос на пропишаната

Сподели го ова:




Се поголем е бројот на возачи кои возат со поголема брзина во однос на пропишаната. Во текот на вчерашниот ден (28.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 661 возач. Од нив, 50 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 278 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 383 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.





Сподели го ова:

Слични објави