Се подобруваат условите во прилепскиот затвор! Извршена е целосна санација на подот од шеталиштето во затвореното одделение
Казнено-поправниот дом Прилеп ја реализираше целосната санација на подот од шеталиштето во затвореното одделение, преку поставување на нови бекатон плочки.
Со оваа активност се обезбедува уреден, безбеден и функционален простор, што претставува значаен чекор во насока на унапредување на условите за живот и престој на осудените лица.
