Се намалува секојдневната бројка на ново-заболени прилепчани од Ковид 19-вчера само тројца ново заболени прилепчани

Сподели го ова:




Врз основа на последно објавените податоци од Министерството за здравство за последните 24 часа, на ниво на држава има 154 нови случаеви од кои само 3 нови случаеви позитивни на Ковид 19 има во Прилеп. Дали ова подразбира дека прилепчани успешно се справија и со овој најнов бран на корона вирус и дека имаат стекнато еден привиден колективен имунитет-останува да се изјаснат надлежните. Инаку вчера на ниво на цела наша земја пријавени се 12 починати лица: 10 починати лица од Скопје (90г, 90г, 82г, 74г, 73г, 73г, 71г, 67г, 67г и 53г), по едно починато лице од Штип (84г) и Валандово (30г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови. Исто така регистрирани сe 408 оздравени пациенти од кои 12 се од Прилеп.





Сподели го ова:

Слични објави