Само за еден ден санкционирани 41 технички неисправни возила што вршат јавен превоз на патници

Сподели го ова:




Во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) Министерството за внатрешни работи на територијата на Република Северна Македонија спроведе зајакната акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на патници (автобуси, такси комбиња и други). Притоа, биле откриени и санкционирани 41 технички неисправни возила, кои биле соодветно санкционирани. Најголем број од возилата имале неисправни уреди за запирање, а седум не извршиле вонреден технички преглед. Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта. 





Сподели го ова:

Слични објави