САМ ГО БРАНЕШЕ ЛЕШОК ОД ПРИПАДНИЦИТЕ НА ОНА: 23 години од убиството на Ѓоко Лазаревски
Точно пред 23 години, Ѓоко Лазаревски загина во Лешок бранејќи го своето село од припадниците на ОНА. Ѓоко Лазаревски беше припадник на МВР, и борејќи се лавовски со припадниците на ОНА, го даде својот живот за Лешок, за нашата Македонија.
Ѓоко сам се пријавува како резервист и веднаш заминува да се бори за Македонија. Во Лешок, заедно со четворица негови другари неколку дена интензивно го бранат селото од нападите на ОНА. Ѓоко, добива наредба да го напушти селото, меѓутоа останува храбро да се бори, при што успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат. Ѓоко, останува да се бори храбро до крај, а битката за Македонија завршува токму тогаш кога од припадниците на ОНA е погоден со куршум во глава.
Вечна почит и слава за овој голем македонски херој.
Фото: Screenshot