Ретки фотографии од 2003 година! Тоше Проески пее на Илинден во Крушево
Во далечната 2003 година во историското Крушево, беа одбележани 100 години од Илинденското востание, а таа година во главната музичка програма – вечерта на Илинден настапија голем број на македонски пејачи, а ѕвезда на вечерта беше Тоше Проески кој одржа незаборавен концерт на Гумење во Крушево.
Од тој концерт се и овие фотографии, на кои се гледа како нашиот незаменлив Тоше ги забавува присутните таа вечер во далечната 2003 година во историското Крушево. Тоа беше концерт за паметење, концерт за кој сме сигурни дека таков нема да се случи во Крушево ниту во наредните 100 години, бидејќи пејач како Тоше се раѓа само еднаш на векот!
Тоше, недостасуваш!
