Редарска служба ќе бара сертификани за влез во простории и угостителски објекти

Сподели го ова:


ДЕНЕСКА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ФИЛИПЧЕ ОДРЖА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ВО ОДНОС НА НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД 19, ПРИ ШТО НА ОВАА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА МИНИСТЕРОТ ОДГОВОРИ НА ПОВЕЌЕ НАШИ НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА. СПОРЕД ФИЛИПЧЕ, НОВИТЕ ВЛАДИНИ МЕРКИ ВАЖАТ ЗА СИТЕ НАСТАНИ, КОНФЕРЕНЦИИ, СЕМИНАРИ, И ПОСЕТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР. ИСТО ТАКА ЌЕ ИМА И РЕДАРСКА СЛУЖБА ПРИ ВЛЕЗ ВО ИСТИТЕ ОД СТРАНА НА РЕДАРИ. ЕВЕ ШТО ДЕТАЛНО СООПШТИ ФИЛИПЧЕ: “И ДОСЕГА БЕШЕ ВО ИНГЕРЕНЦИИТЕ НА ИНСПЕКТОРАТИТЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА ПОЧИТУВАЊЕТО НА ПРОТОКОЛИТЕ И КОЛКАВ КАПАЦИТЕТ Е ПОПОЛНЕТ ОД ЕДНА ПРОСТОРИЈА. ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ ГИ НАПРАВИМЕ ТИЕ КООРДИНАЦИИ ЗА СЕКОЈ ДА СИ ГИ ЗНАЕ СВОИТЕ ИНГЕРЕНЦИИ. ЗАДОЛЖЕНИ СЕ СИТЕ ИНСТИТУЦИИ КАДЕ СЕ ОРГАНИЗИРААТ ТАКВИ НАСТАНИ ДА ИМААТ РЕДАРСКА СЛУЖБА КОЈА ЌЕ ГИ БАРА ТИЕ СЕРТИФИКАТИ И ПОНАТАМУ КОНТРОЛАТА ПРЕКУ ИНСПЕКТОРАТОТ. ИМАВМЕ СТРУЧНА ДИСКУСИЈА И СТАВОТ Е ДЕКА ПРЕЛЕЖАНА БОЛЕСТ, АНТИТЕЛА, ОДНОСНО ИМУНИТЕТ ОД ПРЕЛЕЖАНА БОЛЕСТ НЕ ШТИТИ ДОВОЛНО, НЕ СОЗДАВА ДОВОЛНО ИМУНИТЕТ КАКО ШТО СОЗДАВА ВАКЦИНАТА. ВО ТАА СМИСЛА СЕ И ОВИЕ КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ ЗА ПОДГОТОВКА НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ, СИТЕ ОВИЕ МЕХАНИЗМИ СО РОТАЦИЈА НА КАДАР, ОБЕЗБЕДУВАЊЕ РАСПОРЕД НА ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ КОИ БИ ПРИМАЛЕ ПАЦИЕНТИ ИТН. НИЕ НЕ МЖЕМЕ ДА ПРЕДВИДИМЕ ДАЛИ ОВОЈ РАСТ ЌЕ ПРОДОЛЖИ ИЛИ ЌЕ ЗАПРЕ. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ЌЕ ЗАПРЕ ЗАРАДИ ТОА ШТО СЕПАК ИМАМЕ ОДРЕДЕНА БРОЈКА НА ВАКЦИНИРАНО НАСЕЛЕНИЕ, ОКОЛУ 500 000 ГРАЃАНИ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАНИ И СЛЕДНИВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ БИДАТ РЕВАКЦИНИРАНИ. СМЕТАМЕ ДЕКА ТОА МОЖЕ ДА ГО УСПОРИ РАСТОТ. РАСТ ИМА И ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ, МЕЃУТОА МОРА ДА ГИ ПРЕЗЕМЕМЕ ОВИЕ МЕРКИ СЕГА И ТИЕ СЕ НАВРЕМЕНО ПРЕЗЕМЕНИ. МИСЛАМ ДЕКА ОВА ЌЕ ДАДЕ ДОБРИ РЕЗУЛТАТИ СО ЦЕЛ ДРУГИТЕ ПРОЦЕСИ КОИ ТРЕБА ДА ПОЧНАТ ОД ЕСЕНСКИТЕ МЕСЕЦИ, НА ПРИМЕР УЧИЛИШТАТА ДА ПОЧНАТ КАКО ШТО ПОСАКУВАМЕ. ИМАМЕ СЕКОЈДНЕВНА КОМУНИКАЦИЈА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА КОЕ ЧЕСТО ГИ КОМУНИЦИРА ДИРЕКТОРИТЕ НА УЧИЛИШТАТАТА ЗА ДА ТИЕ ГИ МОБИЛИЗИРААТ СВОИТЕ ВРАБОТЕНИ. ЌЕ ВИДИМЕ КАКОВ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРОТ ДО КРАЈОТ НА ОВАА НЕДЕЛА. АКО ПРОДОЛЖИ СО ОВАА ДИНАМИКА ВЕРУВАМ ДЕКА ВИСОК ПРОЦЕНТ НА ВРАБОТЕНИТЕ И ВО МОН ВО ДЕЛОТ НА УЧИЛИШТАТА И ВО ГРАДИНКИТЕ ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ СО ВАКЦИНАЦИЈАТА. ВО ДВАТА СЕКТОРИ СЕГА Е ОКОЛУ 60 ПРОЦЕНТИ”-СООПШТИ ФИЛИПЧЕ





Сподели го ова:

Слични објави