Расте бројот на заболени прилепчани од Ковид 19! Нови 33 случаеви во Прилеп

Сподели го ова:


























Во последните 24 часа направени се 3.073 тестирањe, а регистрирани се 490 нови случаи на КОВИД-19, од кои 33 случаеви се од Прилеп. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 11 починати лица: 4 починати лица од Скопје (83г, 80г, 78г, и 66г), 3 починати лица од Куманово (93г, 69г и 48г), 2 починати лица од Прилеп (79г и 35г) и по едно починато лице од Струмица (67г) и Радовиш (79г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште 3 починати лица, со датум на смрт од 13.10.2021 до 19.10.2021 година. Регистрирани се три починати лица од Крива Паланка, Куманово и Гевгелија, на возраст од 52 до 95 години. Сите пријавени лица се починати во болнички услови.Регистрирани сe 201 оздравени пациенти од кои само 2 пациенти се од Прилеп.Досега во земјата се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 198.646 бројката на оздравени пациенти е 185.660, на починати е 7.012, а бројот на активни случаи изнесува 5.974.




Сподели го ова:

Слични објави