Рајска убавина! Денеска на Петковден во црквата св.Петка во Прилеп чиноначалствуваше Неговото преосвештенство викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија, епископот Велички г. Никола
По повод празникот посветен на св. преп. Параскева (Петка) – ПЕТКОВДЕН, денеска со почеток во 8:00 часот во храмот св.Петка во Прилеп беше отслужена Божествената Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствуваше Неговото преосвештенство викарниот архиереј на Преспанско-пелагониската епархија, епископот Велички г. Никола.
Утрово, голем број на прилепчани зедоа активно учество во богослужбеното чествување на споменот на св. преп. Параскева (ПЕТКА).
Нека е на помош и за многу години!
