Радости за основците од ООУ “Кире Гаврилоски”-Јане

Сподели го ова:





























Вработени од Прифатилиштето за бездомни кучиња, по повод ,, Светскиот ден на животните’’, одржаа интерактивно предавање и запознавање на групи ученици од ОУ,, Кире Гаврилоски’’. Учениците беа запознати со работата на прифатилиштето, грижата и здравствената заштита на заловените кучиња сместени во стационарот, но и односот спрема нив кога ги среќаваме на јавна површина, а по извршеното чипирање и постапката согласно законската регулатива( залови, стерилизирај, врати) и нивното повторно враќање на местото на заловување.


Светскиот ден на животните е можност за секој од нас да направи нешто добро за животните од својата околина, да им даде дом, да ги нахрани, да помогне нивниот живот да биде поубав бидејќи и тие, како и луѓето, се дел од заедничката планета.




Сподели го ова:

Слични објави